Почитувани,
Во прилог следува повик од ЕИТ (Европски институт за иновации и технологија https://eit.europa.eu/) кој е од делокругот на урбана мобилност. Овој повик е можност за пристап до финансии и вмрежување. Контактирајте не за:
- Наша проценка за вашата подобност за конкретен повик,
- Поддршка при подготовка на апликација,
- Наоѓање на потенцијални партнери за заедничка апликација.
Опис:
Women TechEU е двегодишен проект финансиран од ЕУ кој поддржува жени кои водат стартап компании во областа на длабока технологија во Европа. Нивната мисија е да создадат поконзистентен и родово избалансиран екосистем за претприемништво преку поддршка на жените во длабоката технологија (Deep tech).
Области од интерес:
-
Длабока технологија (Deep Tech): Длабоката технологија има за цел да обезбеди конкретни решенија на општествените проблеми преку напредни научни и технолошки иновации кои ќе имаат длабок влијание на одредени апликации. Сектори кои се најплодни за длабока технологија се: бионауки, компјутери, агро-технологија, аерокосмос, енергија и чиста технологија, индустриски технологии, телекомуникации, нови материјали и хемија.
-
Користењето на технологијата и тоа да се биде deep tech компанија се многу различни концепти. Самото прифаќање на индустриски стандардни технологии или малата модификација на содржина, материјали, интеграција на постоечки компоненти и слично, не значи дека компанијата е deep tech.
-
На пример, следниве НЕ се deep tech:
• Платформи за eLearning каде што содржината е иновативниот дел, а не технологијата
• eCommerce апликации каде што иновацијата е во бизнис моделот/ценовната политика, а не во технологијата
• Гејминг апликации кои користат индустриски стандардни компоненти
• Онлајн информативни портали каде што новостите и статиите се иновативниот дел
Финансирање:
-
Ќе бидат објавувани 4 повици за апликации во текот на 2 години, а по строг процес на оценка ќе бидат избрани 160 бенефициери. Секој бенефициер ќе добие грант од 75.000 евра (недилутивно финансирање) како и персонализирана програма за развој на бизнисот која вклучува менторство, коучинг и целенасочени обуки, меѓу другото.
Услови и правила:
-
Стартапи кои се основани и работат не повеќе од 8 години (броејќи од датумот на поднесување)
-
Стартапи кои имаат собрано ограничено финансирање (помалку од 1 милион евра во капитал)
-
Women TechEU ќе имплементира критериуми за избор кои даваат приоритет на зелени, дигитални и социјални транзиции во согласност со европските цели и ќе ги поддржи прифатените апликанти во дефинирање на стратегија за социјални иновации.
-
Проектот ќе цели и кон помалку напредни иновациски територии (широки региони) за да се намалат територијалните нееднаквости во пристапот до иновациска поддршка
-
Стартапи основани или ко-основан од жени кои ја држат позицијата на CEO, CTO, CSO или еквивалентна функција.
-
Жените треба да имаат најмалку 25% од акциите, а предлогот треба да биде уникатен и не претходно финансиран преку Women TechEU или слични ЕУ иницијативи / проекти.
-
Фондации, асоцијации, федерации или други видови правни ентитети различни од приватни компании не се подобни.
Teхнолошка зрелост на проектот:
-
TRL Ниво: 3-6 (во прилог е линкот од алатката каде што може сами да го одредите своето ниво на технолошка спремност). Апликации со TRL 7 или повисоко ќе се сметаат за преминати преку фазата на минимален одржлив производ и затоа не се подобни.
-
Aко вашата deep tech иновација вклучува вештачка интелигенција (AI), треба да знаете дека фазата на развој на вашата AI технологија ќе биде клучниот фактор за утврдување на вашата подобност за Women TechEU програмата. Идентификувани се 7 фази на развој на AI:a) Развој на концепт
b) Собирање на податоци
c) Развој на алгоритам
d) Развој на AI модел
e) Тренирање на AI модел со податочен сет
f) Тестирање / пилотирање на тренираниот AI модел
g) Усовршување на AI моделот по тестирањето / пилотирањето -
Доколку сте во фази (a), (b) или (c), вашата апликација ќе биде неприфатлива, бидејќи тоа значи дека сте уште премногу рано во развојот на AI технологијата.
Рок на аплицирање: 17ти Maрт 2025 17:00 CET
Со почит,
Тимот на ЕИТ Хаб во РСМ
