Почитувани,
Во прилог следува повик од ЕИТ (Европски институт за иновации и технологија https://eit.europa.eu/) кој е од делокругот на урбана мобилност. Овој повик е можност за пристап до финансии и вмрежување. Контактирајте не за:
- Наша проценка за вашата подобност за конкретен повик,
- Поддршка при подготовка на апликација,
- Наоѓање на потенцијални партнери за заедничка апликација.
Scaling Startups Programme for Investors (За Инвеститори: Програма за раст на стартапи)
Опис: Во 2025 година, ЕИТ Urban Mobility ќе продолжи да ги поддржува стартап претприемачите со програмата Scaling Startups Programme. Оваа програма овозможува раст на стартап бизнисите, додека го намалува ризикот од претприемништвото преку двојна стратегија: обезбедување на прилагодена поддршка според специфичните потреби на секој стартап и организирање на Демо Ден со инвеститори фокусирани на мобилност, паметни градови, одржливост и влијание.
Повикот за програмата Scaling Startups Programme е наменет за конзорциуми составени од најрелевантните европски инвеститори во рана фаза, фокусирани на мобилност, паметни градови, одржливост и влијание. Алтернативно, апликантите треба да демонстрираат докажана способност за поврзување и ангажирање на најрелевантните европски инвеститори во оваа област.
Конзорциумот треба да обезбеди:
- Меѓународно искуство и експертиза во рамките на европската индустрија за ризичен капитал, вклучувајќи експертиза во проценка на стартапи, проценка на влијание, проценка на компании, инвестиции во стартапи, стратегии за излез и извештаи за инвеститори.
- Тим од врвни експерти со меѓународно искуство во обезбедување обуки, менторство и/или коучинг програми за стартапи во рана фаза.
- Искуство во организирање на Демо Дена за инвеститори.
Финансирање:
- 345.000 евра – ќе биде доделена една грант награда.
Рок за аплицирање:
- 28 февруари 2025 година до 17:00 CET
Со почит,
Тимот на ЕИТ Хаб во РСМ
