Почитувани,
Во прилог следува повик од ЕИТ (Европски институт за иновации и технологија https://eit.europa.eu/) кој е од делокругот на урбана мобилност. Овој повик е можност за пристап до финансии и вмрежување. Контактирајте не за:
- Наша проценка за вашата подобност за конкретен повик,
- Поддршка при подготовка на апликација,
- Наоѓање на потенцијални партнери за заедничка апликација.
Ве молиме пополнете ја анкетата за проценка на иновациска подготвеност и подобност за пристап до финансии за да можеме да предложиме следни чекори доколку сте заинтересирани за долунаведениот повик.
Програма за инвестициска подготвеност за влијание (IRP4IMPACT)
Опис: IRP4IMPACT е акцелераторска програма на ЕИТ Urban Mobility за европски компании во областа на урбаната мобилност кои планираат или се во процес на прибирање финансиски средства во 2025 или 2026 година.
Програмата обезбедува:
- Пристап до инвеститори, бизнис ангели, венчур капитал фондови и европски финансиски институции.
- Обука и менторство за подобрување на капацитетите за прибирање финансиски средства.
- Мрежни можности за поврзување со претприемачи, ментори, корпорации и инвеститори.
Подобност:
- Компании во секторите: иднина на мобилноста, енергетика, логистика, паметни градови, мобилни услуги.
- Учесниците мора да потпишат Договор за учество (Participation Agreement) и да ги покријат трошоците од 20.000 евра (во готовина или преку компензација со капитал).
Рок за аплицирање:
- 28 февруари 2025 година
Со почит,
Тимот на ЕИТ Хаб во РСМ
