Настан: „Нееднаквости. Дизајн за подобар живот“ (Недела на италијанскиот дизајн)!

 

 Бизнис акцелератор УКИМ (БАУ) организира конференција во рамките на Деновите на италијанскиот дизајн 2025, во соработка со Италијанската амбасада во Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ (ФИНКИ).

Конференцијата, насловена “НЕЕДНАКВОСТИ: ИТАЛИЈАНСКИ ДИЗАЈН ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ”, ќе се одржи на 21 февруари 2025 година (петок) на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Конференцијата ќе претстави дел од најдобрите примери на италијански урбан дизајн што се занимаваат со нееднаквости, урбани иновации, урбана технологија и одржливост, развиени и лично претставени од директорите на TORINO URBAN LAB, DIGITAL INNOVATION HUB USRABANTITE и Super PIEMONTI.

Бизнис акцелератор УКИМ стана EIT RIS Hub за Северна Македонија во 2023 година, со цел да обезбеди поддршка преку повиците за финансирање на EIT за:
  • Поттикнување иновации што придонесуваат за економски просперитет и општествена благосостојба,
  • Помош за локалните иноватори преку ресурси за подобрување на деловната конкурентност и привлекување инвестиции, како и поддршка за проектни апликации преку отворените повици на EIT,
  • Поддршка за проекти што го промовираат развојот на иновативни производи и решенија, влезот на пазарот, проширувањето на производствените линии и соработката со стартапи и академската заедница.
Конференцијата е наменета за:
  • Компании заинтересирани за одржлив развој, циркуларна економија, урбана мобилност и намалување на текстилниот отпад,
  • Мали и средни производствени компании заинтересирани за унапредување на своите производи за вклучување во циркуларната економија,
  • Професионалци, менаџери, дизајнери и иноватори што развиваат решенија за циркуларна економија и одржливи производи,
  • Студенти и истражувачи насочени кон одржливост и урбани технологии,
  • Даватели на услуги,
  • Експерти за дигитализација.
Придобивки:
  • Запознавање со италијанскиот пристап кон урбаната мобилност, дизајнот и циркуларната економија,
  • Информации за проекти насочени кон намалување на текстилниот отпад и промовирање одржливо производство,
  • Можност за директна средба со претставници на БАУ/EIT RIS Hub и запознавање со акцелерациските програми и можностите за развој на бизниси.
Пријавувањето за настанот е достапно преку следниот линк Формулар за регистрација  
Во прилог е агендата за настанот:

Ве очекуваме!