Почитувани,
Во прилог следува повик од ЕИТ (Европски институт за иновации и технологија https://eit.europa.eu/) кој е од делокругот на клима и урбана мобилност. Овој повик е можност за пристап до финансии и вмрежување. Контактирајте не за:
- Наша проценка за вашата подобност за конкретен повик,
- Поддршка при подготовка на апликација,
- Наоѓање на потенцијални партнери за заедничка апликација.
Ве молиме пополнете ја анкетата за проценка на иновациска подготвеност и подобност за пристап до финансии за да можеме да предложиме следни чекори доколку сте заинтересирани за долунаведениот повик.
Sustainable Cities Mobility Challenge (Одржливи урбани мобилни решенија)
Опис: ЕИТ Climate-KIC објавува повик за Европските градови за идентификување на иновативни и ефективни проекти за декарбонизација на транспортот, подобрување на квалитетот на воздухот и поттикнување на активна, споделена и колективна мобилност. Овој повик е усогласен со Европскиот зелен договор, Рамката за урбана мобилност и Мисијата на ЕУ за климатски неутрални градови.
Особен акцент оваа година е ставен на проекти кои создаваат уличен простор што овозможува здраво, активно движење, вклучувајќи зелени површини како садници, дрвја, паркинзи со зелени површини и мали градини, со што се придонесува кон подобрување на климата, квалитетот на животот, биодиверзитетот и оддржливиот транспорт.
Проектите можат да бидат нови иницијативи или дел од постоечки или нови стратегии на градовите насочени кон здраво и оддржливо урбано движење.
Подобност:
- Градови и општини со најмалку 25.000 жители во земјите членки на ЕУ и земјите асоцирани со Horizon Europe (вклучувајќи ја и Обединетото Кралство, но исклучувајќи ги Канада и Нов Зеланд).
- Проектите мора да придонесуваат кон заштита на природата, животната средина, одржливост, климатски промени и јавниот интерес.
- Апликациите мора да бидат поднесени од градски совети, општини или локални власти (вклучувајќи јавни претпријатија во сопственост на општините).
- Апликациите треба да имаат поддршка од високи политички структури или општински мандат.
- Проектите не смеат да вклучуваат суб-грантирање на добиените средства.
Критериуми за селекција:
- Потенцијално влијание на проектот,
- Можност за учење и споделување на знаење,
- Репликативност во други градови и општини.
Проектите треба да бидат завршени најдоцна до 31 декември 2026 година.
Финансирање:
- Секој избран проект ќе добие до 90.000 евра (вкупно ќе бидат финансирани најмногу четири проекти).
Рок за аплицирање:
- 12 март 2025 година
Со почит,
Тимот на ЕИТ Хаб во РСМ
