EIT Climate ft Urban Mobility: Sustainable Cities Mobility Challenge (Одржливи урбани решенија)

Почитувани, 

Во прилог следува повик од ЕИТ (Европски институт за иновации и технологија https://eit.europa.eu/) кој е од делокругот на клима и урбана мобилност. Овој повик е можност за пристап до финансии и вмрежување. Контактирајте не за: 

  • Наша проценка за вашата подобност за конкретен повик, 
  • Поддршка при подготовка на апликација, 
  • Наоѓање на потенцијални партнери за заедничка апликација. 

Ве молиме пополнете ја анкетата за проценка на иновациска подготвеност и подобност за пристап до финансии за да можеме да предложиме следни чекори доколку сте заинтересирани за долунаведениот повик. 


Проценка на иновациска подготвеност

Закажи состанок со нашиот тим

Sustainable Cities Mobility Challenge (Одржливи урбани мобилни решенија)

Опис: ЕИТ Climate-KIC објавува повик за Европските градови за идентификување на иновативни и ефективни проекти за декарбонизација на транспортот, подобрување на квалитетот на воздухот и поттикнување на активна, споделена и колективна мобилност. Овој повик е усогласен со Европскиот зелен договор, Рамката за урбана мобилност и Мисијата на ЕУ за климатски неутрални градови. 

Особен акцент оваа година е ставен на проекти кои создаваат уличен простор што овозможува здраво, активно движење, вклучувајќи зелени површини како садници, дрвја, паркинзи со зелени површини и мали градини, со што се придонесува кон подобрување на климата, квалитетот на животот, биодиверзитетот и оддржливиот транспорт. 

Проектите можат да бидат нови иницијативи или дел од постоечки или нови стратегии на градовите насочени кон здраво и оддржливо урбано движење. 

Подобност: 

  • Градови и општини со најмалку 25.000 жители во земјите членки на ЕУ и земјите асоцирани со Horizon Europe (вклучувајќи ја и Обединетото Кралство, но исклучувајќи ги Канада и Нов Зеланд). 
  • Проектите мора да придонесуваат кон заштита на природата, животната средина, одржливост, климатски промени и јавниот интерес. 
  • Апликациите мора да бидат поднесени од градски совети, општини или локални власти (вклучувајќи јавни претпријатија во сопственост на општините). 
  • Апликациите треба да имаат поддршка од високи политички структури или општински мандат. 
  • Проектите не смеат да вклучуваат суб-грантирање на добиените средства. 

Критериуми за селекција: 

  • Потенцијално влијание на проектот, 
  • Можност за учење и споделување на знаење, 
  • Репликативност во други градови и општини. 

Проектите треба да бидат завршени најдоцна до 31 декември 2026 година. 

Финансирање: 

  • Секој избран проект ќе добие до 90.000 евра (вкупно ќе бидат финансирани најмногу четири проекти). 

Рок за аплицирање: 

  • 12 март 2025 година

Со почит,

Тимот на ЕИТ Хаб во РСМ